Често поставувани прашања

За што служи Slikicki.com?

Slikicki.com е сајт чија што примарна цел е да им помогне на колекционерите на лесен и интересен начин да ги соберат своите албуми.

Колку чини разменувањето на сликички?

Разменувањето е бесплатно. Се што треба да направите е да се зачлените на сајтот и да ги пронајдете колекционерите со кои сакате да се разменувате.

Како да ги пронајдам колекционерите со кои можам да се разменувам?

Колекционерите со кои можете да разменувате сликички можете да ги најдете на страната "Детали" за соодветниот албум во табот "Колекционери". На оваа страна ќе најдете кои се колекционери на албумот, колку дупликати има и колку сликички му недостигаат на секој од нив, колку сликички имаат за Вас, и колку сликички Вие имате за секој од нив. Истиве податоци ќе можете да ги видите и на страната "Детали за албумот" која се наоѓа на "Моја страна".

Како да стапам во контакт со колекционерот со кој што сакам да се разменам?

Контакт податоците за секој член на Slikicki.com можете да ги видите на страната на неговиот профил. Доколку членот нама објавено контакт податоци, можете да испратите приватна порака и на тој начин да се договорите за размената.

Ги испратив моите сликички, но не ги добив тие што ми беа потребни.

Со прифаќањето на Условите секој корисник се согласи да ги испорача сликичките на колекционерот со кој што договорил размена. Двете страни мора да се придржуваат до овие услови. Но сепак, доколку ова се случи, можете колекционерот да го оцените со негативен рејтинг или да оставите коментар на неговиот профил.

Дали може да објавам нов албум?

Доколку албумот што го собирате не е во листата со албуми, Вие може да го објавите истиот. Постапката за објавување на нов албум е опишана на страната Помош.

Пронајдов грешка или имам некој предлог

Доколку пронајдете некаква грешка, или пак имате забелешки или предлози со кои би се подобрила функционалноста на сајтот, Ве молиме да не контактирате на следнава e-mail адреса: support@slikicki.com.

Дополнителни прашања

Имате дополнителни прашања? Не двоумете се да не контактирате на info@slikicki.com.
ЧПП Услови Приватност Маркетинг Помош
Show: Session | Cookies (0) | Params (3) | Filters | Routes | Env | Queries (2) | General Debug