Помош

Како да се зачленам на Slikicki.com?

За да станете член на Slikicki.com потребно е да ја пополните формата за зачленување. Притоа неопходно е да внесете валидна e-mail адреса, корисничко име, лозинка и да ги прифатите условите. По кликањето на копчето "Зачлени ме" ќе добиете e-mail со код за верификација на вашата e-mail адреса. Кликнете на линкот и зачленувањето е завршено!

Ја заборавив лозинката.

Доколку ја заборавите вашата лозинка кликнете овде. Системот ќе испрати порака со вашата лозинка на e-mail адресата со која се зачленивте на сајтот.

Сакам да ја променам e-mail адресата со која сум зачленет.

За да ја промените e-mail адресата со која се зачленивте на Slikicki.com доколку не сте најавени кликнете овде. Запишете го вашето корисничко име, лозинката и новата e-mail адреса и кликнете на копчете "Промена на e-mail". Промената на e-mail адресата привремено ќе го онеспособи вашиот пристап до систенот, се додека не ја потврдите точноста на e-mail адресата преку пораката што ќе ја добиете.

Како да креирам нов албум?

Нов албум можете да креирате на еден од следниве начини:

  • кликнете на банерот за креирање на албум;
  • кликнете на копчето "Додади го" што се наоѓа до секој албум на страната "Албуми";
  • кликнете на иконата "И јас го собирам овај албум" која се наоѓа на страната "Детали" за албумот;
  • кликнете на линкот "Нов албум" од подменито "Албуми" на "Моја страна"; или
  • кликнете овде
Без разлика кој начин ќе го изберете, за да креирате нов албум ќе треба да ја пополните формата од Чекор 2. Притоа ќе треба да изберете албум, назив на албумот, да ги запишете сликичките што ви недостигаат и дупликатите. Сликичките запишувајте ги одделени со запирка и празно место.

Како да објавам нов албум?

За да објавите нов албум кликнете овде или кликнете на копчето "Нов албум" кое се наоѓа во Чекор 2. И во двата случаи ќе се отвори формата од Чекор 1. Ставете го називот на албумот што сакате да го објавите и изберете го издавачот. Доколку истиот не се наоѓа на листата самите запишете го во полето до листата. Потоа ставете ја насловната слика на албумот. Како опис задолжително наведете го бројот на сликички кои се собираат. Таговите одделете ги со запирка и кликнете "Креирај".

Како да ставам рејтинг на членовите?

Рејтингот на секој член ја претставува довербата што ja стекнал помеѓу останатите членови на Slikicki.com.
Доколку сакате да ставите рејтинг на некој член кликнете на ѕвездичките на неговате страна. Притоа изберете:

  • една ѕвезда, ако членот не испратил ниту една сликичка;
  • две ѕвезди, ако испратил само неколку сликички;
  • три ѕвезди, ако испратил само пола од сликичките;
  • четири ѕвезди, ако испратил најголем дел од сликичките; или
  • пет ѕвезди, ако ги испратил сите сликички.

Како да ставам слика во некоја галерија?

Слика можете да ставите на "Моја страна". Кликнете на линкот "Слики" од подменито "Профил", а потоа на "Нова слика" или кликнете овде. Најпрво изберете некоја од јавните галерии во која сакате да ја сместите сликата. Доколку не постои таква галерија, креирајте со кликање на копчето "Креирај нова галерија". Потоа ставете слика и име на истата и кликнете на копчето "Додади".

Како да избришам слика?

Секој член што ставил слика ќе може и да ја избрише истата. За да го направи тоа потребно е да кликне на иконата "Избриши" која се наоѓа под секоја слика што се прикажува на страната "Слики" од "Моја страна".

Што ако ја избришам e-mail адресата на страната "Промени профил"?

Доколку ја извришете или промените e-mail адресата и кликнете на копчето "Запиши" системот автоматски ќе ве одјави. Во овој случај нема да можете да се најавите преку стандардната форма за Најава. За да се најавите ќе треба да кликнете на Сакам да ја променам e-mail адресата со која сум зачленет и да ја пополните соодветната форма.

Како да ги поканам моите пријатели да го посетат сајтов?

За да ги поканите пријателите да го посетат Slikicki.com кликнете на линкот Покани пријатели од подменито "Профил" на Моја страна. Внесете ги нивните e-mail адреси одделени со запирка и кликнете на "Испрати". Системот ќе испрати порака во Ваше име, во која ги поканува вашите пријатели да го посетат сајтот.

Како да испратам порака на некој член?

За да пратите порака на некој член кликнете на иконата "Испрати порака" која се наоѓа под сликата на членот, на страните каде се прикажуваат членови.
ЧПП Услови Приватност Маркетинг Помош
Show: Session | Cookies (0) | Params (3) | Filters | Routes | Env | Queries (2) | General Debug