Политика за тајност на податоци

Slikicki.com е забавен веб сајт, направен да им помогне на колекционерите на сликички полесно да ги соберат своите албуми. Како веб сајт што нуди услуги и за кој е потребно зачленување, Slikicki.com е должен да ве информира за користењето на вашите лични информации.

Со цел да ја заштитиме Вашата приватност препорачуваме малолетните лица да побараат дозвола од родителите пред да испратат било каква информација за себе преку Интернет.

Slikicki.com се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на Slikicki.com, ќе ви бидат потребни валидна електронска пошта, корисничко име и лозинка. Останатите податоци се по ваш избор.

Slikicki.com може да разоткрие нечии податоци на надлежните органи доколку се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците.

Информации кои ги собираме и на кој начин се користат

1.Лични информации

За да станете член на Slikicki.com потребно е да изберете корисничко име и лозинка и да запишете валидна e-mail адреса. Секој член мора да ја потврди точноста на e-mail адресата со која се зачленува на сајтот, за да се избегне зачленување со туѓа e-mail адреса.

Вашата e-mail адреса, доколку Вие дозволите, Slikicki.com ќе ја користи за да ви испраќа информации за добиена нова приватна порака на сајтот.

При пополнување на вашиот профил Вие ќе можете да внесете лични податоци (име и презиме, дата на раѓање и пол), информации кои се однесуваат на вашата локација (држава, град, адреса, временска зона), контакт информации (телефонски број, Skype, ISQ, MSN, Gtalk, Yahoo) и да ставите слика. Пополнувањето на ниедна од овие информации не е задолжително. Сепак, добро би било доколку пополните барем некои од нив, за колекционерите да можат полесно да стапат во контакт со вас. Оние информации што ќе ги понудите, освен името и презимето, градот и државата ќе бидат достапни само за членовите на Slikicki.com.

Доколку одлучите да го користите нашиот сервис за да ги поканите вашите пријатели да го посетат Slikicki.com, потребно ќе биде да ги запишете e-mail адресите на вашите пријатели. Ние ќе им испратиме e-mail поракa во Ваше име во која ќе ги поканиме да го посетат сајтот. E-mail адресите кои притоа ќе ги внесете нема да бидат запишани од страна на сајтот.

2.Cookies и Passive Data Collection

Како и повеќето веб страни, така и Slikicki.com користи “cookies” за да го следи користењето на страната. “Cookie” претставува датотека која се наоѓа во вашиот компјутер и ни помага да ве препознаеме како член на Slikicki.com, доколку користите ист компјутер и ист веб пребарувач. Исто така, “Cookie” ни помага да откриеме како членовите го користат сајтот за да можеме да ги подобриме неговите услуги.

Еден тип на “Cookie” се сетира кога се најавувате на Slikicki.com, ако притоа ја изберете опцијата “Запомни ме на овој компјутер”. Следниот пат кога ќе го посетите Slikicki.com сајтот, доколку претходно не сте се одјавиле, ова “Cookie” ќе ни помогне да ве препознаеме како член па нема да има потреба да се најавите на сајтот. Доколку пак претходниот пат сте се одјавиле, тогаш ќе биде потребно да се најавите на сајтот. За да не дојде до злоупотреба на вашето членство од страна на други лица Ви препорачуваме да се одјавите од сајтот, доколку користите јавни компјутери.

Во согласност со комуникациските стандарди на Интернет, Slikicki.com, автоматски добива URL од сајтовите од кои сте пристигнале како и од сајтовите на кои што ќе појдете доколку кликнете на некој од линковите на Slikicki.com. Исто така добива и информации за оперативните системи и веб пребарувачите што се користат при посета на страната. Овие информации Slikicki.com ги користи исклучиво за анализирање и подобрување на услугите, и истите на ниеден начин не можат да се искористат за идентификација на корисниците.

Линкови до други веб страни

Slikicki.com не е одговорен за содржината и безбедноста на сајтовите кои можете да ги посетите со кликање на некој од линковите кои се наоѓаат на сајтот.

Безбедност на податоците

Slikicki.com има имплементирано најсовремени безбедносни мерки за да ги заштити податоците на членовите од исчезнување, злоупотреба и промена. Користиме криптирање, “firewalls” и употреба на лозинки за да се обезбеди целосна сигурност и заштита на вашите лични податоци.

Вие имате контрола на вашите лични податоци

Успехот на Slikicki.com е директно поврзан со вашата доверба во нашата политика за тајност на податоците. Ние ги охрабруваме нашите членови да ги објавуваат своите податоци со цел да добијат што е можно поголема придобивка од користењето на сајтот, но оставаме и можност секој член сам да одлучи кои податоци ќе ги објави на сајтот. Не заборавајте, одлуката за јавно прикажување на вашите податоци е само ваша!

ЧПП Услови Приватност Маркетинг Помош
Show: Session | Cookies (0) | Params (3) | Filters | Routes | Env | Queries (2) | General Debug