Почитувани членови на Slikicki.com,
Slikicki.com е сајт чија што основна намена е размена на сликички и дружење на колекционерите. Со зачленувањето на Slikicki.com добивате пристап до колекциите со сликички, нивните колекционери како и информации за вашите албуми.
Пред да се зачлените на Slikicki.com ве молиме внимателно да ги прочитате Условите и Политиката за тајност.
Зачленувањето на Slikicki.com е бесплатно! Секој има право на зачленување и избор на корисничко име.
За да се зачлените на Slikicki.com ќе ви бидат потребни само валидна e-mail адреса, корисничко име и лозинка. По вашето зачленување Вие сте целосно одговорни за користењето на вашето корисничко име и лозинка, како и за било која промена која настаната преку вашата корисничка сметка.
Сите внесени податоци од страна на корисниците се во нивна сопственост. Веб сајтот и неговите изработувачи не одговараат за содржините внесен од страна на корисниците.
Со вашето зачленување на Slikicki.com вие се согласувате со следниве услови:
Кршењето на правилата може да резултира со забранет пристап на сајтот на одреден временски период или трајно. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.
Членовите на кои им е забранет пристапот на сајтот (привремено или трајно) не смеат да се зачленат повторно. Доколку се случи тоа, тие ќе бидат трајно отстранети од сајтот.
Ако при кршењето на правилата се повредени меѓународните или локалните закони доколку е потребно, администраторите ќе соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).
Сите мислења и информации објавени од членовите претставуваат лични ставови кои авторите ги објавуваат на сопствена одговорност. Од тука, сопствениците и/или уредниците на Slikicki.com не се одговорни за содржината на пораките кои се објавени од членовите.
Slikicki.com го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува истите да ги соопшти во најкраток можен рок.